На дневен ред на седницата на ДИК денес е Предлог-програма за задолжителна едукација на општинските изборни комисии, избирачките одбори задолжени за спроведување на гласањето во Република Македонија и избирачките одбори  задолжени за спроведување на гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство на Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Меѓу другото, на седницата ќе се разгледуваат и Предлог-обрасци, Предлог-Одлука за утврдување на трошоци во реален износ од распишување до завршување на изборниот процес, како и информации за доставување на Изводи од посебен избирачки список од страна на Државниот завод за статистика за гласање во ДКП и Информација во врска со доставувањето на ценовниците во законски предвидениот рок до Државната изборна комисија од страна на радиодифузерите и печатените медиуми.

Ohridnews