Засега се размислува за две опции околу решевањето на проблемот со цврстиот отпад. Едната постапка подразбира востановување јавно-приватно партнерство со избор на странски инвеститор по пат на конкуренетен дијалог, додека другата можност е да се подготви ИПА апликација, во рамките на третата компонента за регионален развој од европските фондови, за одобрување средства за самостојно интегрирано решавање со отпадот. Ова подразбира дека регионот ќе треба да изгради своја депонија на која постојните јавни комунални претпријатија ќе го одлагаат отпадот и заеднички ќе одлучуваат за сите прашања од овој домен.
Југозападниот плански регион е единствениот од осумте плански региони во државата што се уште не одлучил како ќе се решава проблемот со црвстиот отпад. Според статистичките показатели, овој регион е трет во државата по произведените количини цврст отпад на годишно ниво, веднаш за скопскиот, односно полошкиот плански регион.