Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 19,30 часот во Охрид ќе одржи седница за актуелната состојба во државата.

На седницата се очекува да се усвојат заклучоци и насоки како партијата да дејствува во идниот период во однос на актуелните прашања, како и за договорот од 2 јуни.

Како што јавуваат дел од медиумите, денес заседава и опозицијата, заедно со дел од НВО секторот за тоа како понатаму да дејствуваат.

OhridNews

извор Макфакс