Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески за в недела 26. Декември ја закажа 12. седница на УО која ќе се одржи во просториите на ФФМ со почеток во 12ч.

На седницата меѓу другото ќе бидат потврдени одлуките на Комитетот за итност донесени помеѓу две седници на УО.

Потоа ќе бидат разгледани предлог буџетот за 2011г. и предлог правилниците за лиценцирање на клубови за УЕФА натпреварувањата и клубовите од Првата и Втората МФЛ за сезона 2011/2012г.

Попладнето во директен пренос на МТВ од 17 часот, ФФМ ќе го изврши традиционалниот избор на најдобрите за 2010г.

Ohridnews