Животните и професионалните приказни на седум локални бизнис-претставници беа инспирација за младите актери аматери кои синоќа настапија на настанот „Културен бизнис импулс“ во клубот „Харбор“ во Охрид. Настанот беше дел од програмата за одбележување на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот.

Преку седум монодрами беа претставени приказните на д-р Дејан Ристески, Филип Стефаноски, Верица Исакоска, Моника Коцарева, Павлина Шикалеска, Ели Аиноска и Михајло Филев, со акцент на истрајноста, посветеноста и надминувањето на предизвиците на патот до успехот.

Настапија Теодора Спироска, Јована Петреска, Матеј Димоски, Јана Димоска, Стефанија Климоска, Лео Нелоски и Евгениј Смилески. Менторска и организациска поддршка обезбедија професорките Билјана Кавтаноска Алческа и Весна Карамитре.

За техничката поддршка се погрижија Димитар Димоски, Коста Шенгулоски и Есер Момироски, а музичкиот дел го подготвија Миа Стојкоска и Елена Андрееска.

„Културен бизнис импулс“ го организираше Здружението за едукација, култура и младински активизам „Граѓански Интегритет“, во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид и со поддршка на Култура – Охрид.

OhridNews