Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Мета Ворлд Пис заработи суспензија од седум меча, поради дивјачкиот удар со лакт во лицето на кошаркарот на Оклахома, Харден.

Мета Ворлд Пис, ќе го пропушти последниот меч од регуларниот дел од сезоната, како и првите шест меча од разигрувањето кое стартува во сабота.

Членот на ЛА Лејкерс тврди дека не го удрил намерно противничкиот кошаркар, најдобар шести играч во лигата.  –
Ме понесоа емоциите по забивањето на топката во кошот и навистина жалам
што го удрив Харден во главата. Верувајте дека ударот не беше намерен.
Се надевам дека со него се е во ред. Им се извинувам на Оклахома и на
Харден, бидејќи сето тоа беше несреќен случај, тврди Ворлд Пис.

Од клубот ја прифатија ваквата суспензија без приговор потенцирајќи дека ќе се обидат да му помогнат на својот кошаркар да ја поврати репутацијата на теренот и надвор од него.

М.П.