Седум месеци рок за угостителите во Св. Наум да го решат проблемот со загадувањето
01.11.09 08:00
Сопствениците на угостителските објекти во манастирскиот комплекс Св. Наум добија рок од седум месеци да го решат проблемот со пречистување на отпадните и фекалните води кои се создаваат во текот на нивното работење, во спротивно против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки. Претставници на општинскиот инспекторат викендов се сретнаа со сопствениците на угостителските објекти во Св. Наум, при што било договорено тие во еден разумен рок да преземат мерки за решавање на проблемот со отпадните води, кои според надлежните се причина за загадување на изворите во комплексот.
Соодветен третман на отпадните води ќе треба да изврши ресторанот на островото. Санитарните јазли од овој објект се поврзани на путекс – машина за пречистување на отпадните води која е поставена во 2004 година со дозвола на Министерството за животна средина. Врз неа бил извршен ремонт, но инспекторатот бара таа да функционира беспрекорно.
– Извршените хемиски и микробиолошки анализи на водите од изворите во Св. Наум покажаа присуство на одредена количина бактерии, кои не би смеело да ги има во подрачје кое е заштитено од УНЕСКО. Таа состојба не е толку алармантна доколку станува збор за сливови кои што се во други делови на Охридското Езеро, меѓутоа за изворите на Св. Наум не смее да се дозволи ни таа количина. Од таа причина ги задолживме одговорните како инспекторат да извршат комплетен ремонт на путексот, односно да го доведат во состојба во која што ќе ги пречистува водите комплетно, да не ни се случи повторно да се најдат такви бактерии во водата затоа што тоа може да придонесе за пореметување на флората и фауната во самото извориште, ни изјави Лилјана Спиркоска – овластен инспектор за животна средина при општинс Охрид.
Обврска соодветно да ги третира отпадните води презеде и хотелот „Маркони“, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски.
– Договорено е во рок од 30 дена х. „Маркони“ да поднесе комплетна техничка документација до Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, а до месец мај 2010 да се изгради нова пречистителна станица. Сето тоа ќе биде потврдено и со решение, а доколку до мај не биде изградена пречистителната станица ќе бидат преземени други мерки, рече Танасоски.
Иницијативата на општинскиот инспекторат уследи откако ова лето во Св. Наум беа регистрирани повеќе случаи на труење со загадена вода во која беа пронајдени колиформни бактерии од типот на ешерихија коли. Со цел да не се повтори ваквата ситуација инспекторат ги задолжи угостителските објекти во Св. Наум соодветно да го решат проблемот со отпадните води.
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедн...
ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето Програмата ќе започне во 18:30 часот со изложба на ликов...
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, денеска се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.