Бројот на жители на планетата Земја во 2011 година ќе надмине 7 милијарди, предвидува Германскиот фонд за светско население.

Оттаму објаснуваат дека секоја селунда се раѓаат три новороденчиња и дека со сегашното темпо на прираст, седум милијардитиот жител на планетата ќе се роди во средината на оваа година.

Според проценките на Германскиот фонд за светско население, човечката популација на Земјата ќе достигне 8 милијарди во 2025 година.

OhridNews