27-годишно момче од Битола е помеѓу седумте жртви изминатото деноноќие што ги однесе корона вирусот Ковид 19 од што починаа и две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Сите освен еден пациент починале во болница.

Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 од кои 2 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје 47, Куманово 17, Штип 16 и по подолго време во Дебар се регистрирани поголем број новозаразени – 10.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.

OhridNews