Rad-Partizan 2 (1.4)

Денес во 14.30 во српската Супер Лига се игра последниот натпревар од 19-то коло,а играат Рад-Партизан.Според нас апсолутен фаворит е екипата на Партизан,која се наоѓа на втората позиција веднаш позади вечниот ривал Црвена Звезда со негатива од 4 бода.

Партизан на последните 5 натпревари има 4 победи и 1 нерешен натпревар. Од друга страна екипата на Рад се наоѓа на последнта позиција и на последните 5 натпревари има 1 победа,2 нерешени натпревари и 2 порази.

Од 10 меѓусебни натпревари помеѓу овие две екипи дури 9 пати победила екипата на Партизан и еднаш завршиле без победник.

 Cagliari-Lazio 0-2 голови (1.55)

Попладнево продолжуваат натпреварите од 28-то коло во италјанското Калчо.Наш избор е натпреварот помеѓу Каљари и Лацио и типуваме на натпревар со помалку погодоци.

Каљари се наоѓаат на 15-та позиција и на последните 5 натпревари 3 пати изиграле со скор од 0 до 2 голови (Катанија 1:1,Интер 1:1,Сампдорија 1:0).

Од друга страна пак Лацио се наоѓа на 8-та позиција и од 5 натпревари исто како својот противник има 3 натпревари со скор од 0 до 2 голови (Аталанта 0:1,Фиорентина 0:1,Рома 0:0).

Според традиција овие две екипи играле 21 меѓусебен натпревар,а паѓале по 2.5 голови во просек.

Како и да е денес мислиме дека Каљари ќе тактизира и ќе оди на победа а во мометов Лацио од 14 натпревари одиграни на гости има 8 натпревари со скор 0-2 голови.

 

Milan-Parma 0-2 голови (1.85)

Друг интересен натпревар од Серија А е натпреварот помеѓу Милан и Парма,а типуваме на натпревар со помалку голови.

Милан се наоѓаат на 10-та позиција,а на последните 5 натпревари имаат 4 натпревари со скор 0-2 голови (Удинезе 1:0,Јувентус 0:2,Сампдорија 0:2,Болоња 1:0).

Од друга страна пак екипата на Парма се наоѓа на 6-та позиција и на последните 5 натпревари има 3 натпревари со скор 0-2 голови (Верона 2:0,Сасуоло 0:1,Катанија 0:0).

Традицијата пак ни го кажува спротивното,имено овие две екипи до сега одиграле 18 меѓусебни натпревари а паднале 2.9 голови.

Како и да е формата на Милан денес и тактиката на Парма на гости не наведува да типуваме на натпревар со помалку голови.

 

Sassuolo-Catania 0-2 голови (1.65)

Друг интересен натпревар кој се игра попладнево во италјанската Серија А е оној помеѓу Сасуоло и Катанија.И тука би требало да се игра тактички и со малку погодоци.

Сасуоло на последните 5 натпревари имаат 4 натпревари со скор 0-2 голови (Болоња 0:0,Парма 0:1,Наполи 0:2,Интер 1:0).

Од друга страна Катанија на последните 5 натпревари има исто така 4 натпревари со скор 0-2 голови (Каљари 1:1,Џенова 2:0,Киево 2:0,Парма 0:0).

И традицијата е на страна на скор 0-2 голови,имено овие ден екипи до сега одиграле само два натпревари а дале само 0.5 голови.

 

Manchester Utd.-Liverpool ГГ (1.6)

Попладнево во 14.30 се игра големото дерби помеѓу Мачестер Јунајтед и Ливерпул. Според нас ова би требало да биде брз динамичен натпревар и сигурно многу голови и на двете страни,затоа типуваме дека и двете екипи даваат гол.

Манчестер се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари има одиграно само два натпревари со скор ГГ (Фулам 2:2,Стоук 2:1).

Од друга страна Ливерпул се наоѓа на 3-та позиција и на последните 5 натпревари дури 4 одиграле со скор ГГ (Свонси 4:3,Фулам 2:3,Арсенал 5:1,ВБА 1:1).

До сега овие две екипи имаат одиграно 24 меѓусебни натпревари а давале по 2.2 голови на натпревар.

 

Tottenham-Arsenal ГГ (1.7)

Другиот натпревар за денес од англиската Премиер е дербито во Лондон помеѓу Тотенхем и Арсенал.И тука би требало да се игра брз динамичен фудбал и бар по еден гол во двете мрежи.

Тотенхем на последните 5 натпревари нема ниту еден натпревар со скор ГГ.

Од друга страна пак Арсенал на последните 5 натпревари имаат 2 натпревари со скор ГГ (Сандерленд 4:1,Ливерпул 5:1).

Традицијата е на страна на типот ГГ,имено овие две екипи до сега изиграле 26 меѓусебни натпревари и давале по 3.9 голови на натпревар.

 

Elche-Betis 0-2 голови (1.55)

Во 12.00 часот продолжува 28-то коло од шпанската Примера,а играат екипите на Елче и Бетис.Според нас ова би требало да биде натпревар со малку голови.

Екипата на Елче 14-та позиција и на последните 5 натпревар има 2 натпревари со скор 0-2 голови (Селта 1:0,Осасуна 0:0).

Од друга страна пак екипата на Бетис се наоѓа на последната позиција и на последните 5 натпревари има 4 натпревари со скор 0-2 голови (Гетафе 2:0,Виљареал 1:1,Атлетик Билбао 0:2,Гранада 1:0).

Традицијата пак го покажува спротивното,овие две екипи до сега имаат одиграно 7 натпревари и паднале по 3 голови на натпревар. Како и да и Реал Бетис и Елче се борат за опстанок и би требало и двете екипи да тактизираат денес.

Ohridnews