Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез го направи првиот рез во националната селекција скратувајќи го поширокиот список за седум ракометари.

Помеѓу седумте ракометари кои не го поминаа првиот рез се Јане Цветковски, Мартин Серафимов, Мартин Манасков, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Марко Нелоски и Дарко Димитриевски, додека со останатите ракометари шпанскиот стручњак во Скопје на 18 декември ќе ги започне подготовките за престојното Европско првенство во Хрватска.

Македонија на континенталниот собир во Хрватска ќе игра со Словенија, Црна Гора и Германија во Загреб. ЕП започнува на 12 јануари, а ќе трае до 28 за кога е закажано финалето.

Списокот:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски

Бекови: Аце Јоновски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски

OhridNews