На иницијатива на Општина Охрид и по подготовка на целокупната документација од Одделението за заштита и влијание врз животната средина, неодамна Владата на Република Северна Македонија ги прогласи седумте чинари од  Охрид за природна реткост.

Согласно Решенијата на владата објавени во Службен весник на РСМ  бр. 141/21 од 24.06 2021 година за природни реткости се прогласени чинарите: во близина на Здружението на пензионери; во населба Воска;  единечното стебло Кочеџик  во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“;  пред зградата на Црвен Крст;  во Влашка Мала;  во населба Кошишта  и чинарот кој е во Централното градско подрачје.

Овие стебла беа прогласени за природно наследство според стариот закон од 1973 година и требаше да се отпочне нова постапка за нивно препрогласување, односно да се стават во законска рамка според постоечкиот Закон за заштита на природата.

OhridNews