Охридските бели“ го освоија првиот бод во новата прволигашка сезона откако одиграа реми 1-1 на гостувањето во Тетово кај Тетекс. Избраниците на Здравко Цветаноски испуштија убава можност да заминат со цел плен, мрежите мируваа по првите 45 минути, а “рибарите“ во 65-та минута први ја начнаа мрежата преку Алими , надежите за дебитански триумф на Охрид ги згасна Урошевиќ во 85-та минута од натпреварот.


“Рибарите“ со еден бод се наоѓаат на делба на деветотто место со Тетекс додека без бодови се екипите на Брегалница и 11 Октомври. Второто коло од првата македонска фудбалска лига ќе се комплетира со вечерашнато градско дерби Вардар – Работнички.

Во наредната трета рунда Охрид на домашен терен игра против Силекс.

Мх.П.