Ракометарите на Охрид ја забележаа првата победа во шампионатот, откако со 21- 16 го совладаа тимот на Ѓорче Петров. Вообичаено, до триумфот охриѓани ги донесе цврстата одбрана искомбинирана со расположениот голмански двоец на голот.
Првиот дел го одбележаа малиот број на погодоци, неповрзаната игра и големиот број технички грешки. Во една таква игра, охриѓани благодарение на голманот Пецаков (11 одбрани) замина со позитива на одмор.
Нервозно влегоа охриѓани во вториот дел, а нивната нервоза дополнително се зголеми кога гостите стигнаа на минус еден 12-11. Во овој период “белите“ направија и три исклучувања со што сериозно ја загрозија предноста.
По играта на жица, домаќините се консолидираа, гостите не профитираа по играњето со човек, а на моменти и со два повеќе. Следуваа серија подгодоци на Трифуноски, Митрески и Андоновски , по што се врати безбедната предност од плус пет 19-14.
Рутинската игра на искусниот охридски тим не дозволи изненадување во последните десет минути од мечот. “Изборникот“ Андоновски во последните минути од мечот им даде шанса на младите ракометари кои допрва треба да покажат дека охридскиот ракомет има светла иднина.
Најпрецизен кај охриѓани беше Трифуноски со 5 постигнати гола, по четири дадоа Андоновски и Митрески.
Давид Матески се врати во редовите на ГФК Охрид на кој денеска му се придружи младиот Давор Росиќ 19-годишниот младински репрезентативец Матески доаѓа од екипата на Силекс како позајмен играч Тој и...
Почна онлајн продажбата на билети за натпреварот на Градскиот ракометен клуб Охрид од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка Првиот натпревар се игра во салата „Билјанини Извори...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.