Советникот Дејан Блажески кој пред два дена одржа прес конференција на која изнесе видување за случувањата пред и за време на последната седница на советот, и побара јавно извинување од порталот „Ohrid1“ и сопственикот, а заради, според него, изнесени невистини во јавноста, истото нема да го добие, туку треба тој да се извини, се вели во соопштението за јавност на „Мегастар продукција“ чиј дел е споменатиот портал, а која инаку веќе извесен период лиферува информации за локалната самоуправа.
„Заради изнесени невистини, лаги и клевети со кои е нарушен угледот на фирмата „Мегастар Продукција“ , веб порталот во нејзина сосптвеност „Охрид1“, како и сопственикот Љупчо Таневски,ја известуваме јавноста дека на Г-дин Дејан Блажески му даваме рок од 48 часа да се извини за клеветите и навредите кажани на прес конфренцијата која ја одржа на 2 октомври 2014 година.“-се вели во соопштението.
Сопственикот Љупчо Танески смета дека со кажаните зборови на оваа прес конференција му била нарушена честа и угледот, личниот, семеен и професионален, а бил нарушен и угледот на неговата фирма.
„Согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност, за навреда и клевета до претседателот на Либерално демократската партија – Охрид , Дејан Блажески упатувам барање за извинување и јавно повлекување на изречените навреди.Во смисла со ставов 2 и 3 од истиот член очекувам јавното повлекување и извинување да биде објавено на исто место и во ист обем како и на одржаната прес конференција, најдоцна во рок од 48 часа. Согласно член 6 став 1 и 2 и член 8 став 1 и 2 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со изнесените невистини ми е нанесена штета која согласно законот може да се ублажи или во спротивно ќе биде предмет на судска постапка.“-стои понатаму во соопштението.
Во истото се наведува дека сопственикот на порталот нема намера да постапи по барањето за извинување на советникот Блажески и го повикува тој да тужи.
OhridNews
Советникот Блажески бара извинување од портал , во спротивно најави тужба