Ракометарите на Вардар Про се враќаат непоразени од гостувањето во Хрватска.

Актуелниот шампион во СЕХА лигата одигра нерешено против Нексе 27:27 (13:13), но скопјани треба да жалат што не победија.

Во драматичниот финиш кога се играше гол за гол, Вардар го имаше последниот напад кој продолжи по тајмаутот на Вујовиќ. Вардарци погрешија во додавањето, Нексе тргна во контра која беше пресечена на средината од теренот но ниту двата удари едно по друго од 6 метри вардарци не успеаја да ги претворат во победа. Нексе се обиде да направи контра за победа во последните 4 секунди, но Стоилов со боречки зафат за кој доби црвен картон не дозволи да биде загрозен голот на Вардар.

Во следното коло во СЕХА лигата се игра македонското дерби Металург – Вардар.

OhridNews