Македонскиот вицепрвак, Металург забележа сензационална победа на хрватскиот шампион Загреб 25-22 (10-10) во 17-та рунда од регионалната ракометна СЕХА лига.
Заагреб пред натпреварот важеше за фаворит, но на теренот моците на Лино Червар одиграа маестрално особено во вториот дел и сосема заслужено се радуваа на крајот.
Бодовите од овој дуел неопходни му беа на хрватите, додека „металурзите“ и покрај победата немаат шанса за пласман во фајнлфор завршницата.
Металург со победата над хрватите стигна до четвртиот триумф сезонава, а Загреб остана на деветте победи во 14-ет одиграни мечеви во СЕХА лигата.
Фото: 24ракомет
OhridNews