Екипата на Металург ја забележа третата победа во петтиот натпревар од СЕХА лигата совладувајќи го Партизан со 26-21.

Предводник на тимот беше голманскиот тандем Мијатовиќ (11 интервенции) – Митревски (9), а најпрецизни ракометари во составот на Металург беа Атман и Талевски со по четири постигнати погодоци.
Со трите бодови „металурзите“ сега имаат 11 и се наоѓаат на третата позиција. Лидер во регионалната ракометна лига е Вардар со 13 бодови, но има натпревар повеќе од Металург и Татран Прешов, кој еден помалце од македонскиот првак.
Мх.П.










