Ракометарите на Металург со два голови во финишот се спасија од пораз и извлекоеа реми (24-24) против последнопласираниот тим на табелата во СЕХА лигата, Извиѓач.


Македонскиот вицепрвак со два голови негатива влезе во последната минута од натпреварот. Десното крило Гуглета прво намали на 24-23, а истиот ракометар со нов гол обезбеди реми и го спаси од голем срам составот на Металург кој го немаше Лино Червар на клупата. 

Одличен ден на голот од Металург имаше Арсиќ кој запиша 15 интервенции, а меѓу стрелците се истакнаа Обрадовиќ со шест голови и Гуглета и Илиќ со пет голови.

За екипата од Автокоманда ова беше второ реми сезонава со кое останува на шестата позиција на табелата, но постои можност да го изгуби ако Нексе триумфира во заостанатиот натпревар со Загреб.

OhridNews