Новиот ракометен проект во Битола, Еурофарм Пелистер претпре пораз на домашен терен од тимот на Загреб во рамките од регионалната СЕХА лига. Хрватскиот состав славеше со 28-27.

Загреб со тесниот триумф во Битола направи уште еден чекор кон првите две позиции во групата кои водат на завршниот турнир. Во одлучувачките минути од натпреварот, Еурофарм Пелистер потклекна пред притисокот и му дозволи на Загреб да победи и да ги освои бодовите.

„Фармацевтите“ добро ја започнаа сезоната во СЕХА лигата, но лошо продолжија и останаа без шанса за борба за повисок пласман. До крајот на сезоната остануваат уште два натпревари, а битолчани ќе ги одиграат на гостински терен.

OhridNews