Ракометарите на Металург претрпеа пораз на гостински терен од Брест Мешков 25-23 (15-12) во редовното коло од регионалната СЕХА лига.


Пулените на хрватскиот стратег Лино Червар иако загубија не разочараа бидејќи максимално го намачија противникот особено во финишот од мечот.

Составот на Металург при крајот на натпреварот стигна до егал 23-23, но не успеа да го зграпчи целиот плен и да забележи победа.

До крајот на СЕХА лигата преостануваат уште два натпревари, а потоа Металург ќе се фокусира на мечевите од домашниот шампионат.

Мх.П.