Ракометниот клуб Металург продолжува со практиката средствата од натпреварите од СЕХА Регионалната лига да ги користи за малку да им го олесни животот на оние на кои им е најпотребно.
Во вторник во Скопје гостува Тартан Прешов, а сите средства собрани од влезниците ќе бидат искористени за набавка на опрема на „Дневниот центар за лица со церебрална парализа“ со кој и минатата година соработувавме. Пријатели на Металург во како и во сите досегашни хуманитерни акции се ортопедската куќа Bauerfeind, естрадниот магазин Backstage и дневниот весник Нова Македонија.
По двата несреќни порази од силниот Киелце нема многу простор да жалиење. Во вторник на гости доаѓа словачкиот шампион Татран Прешов, екипа составена од многу словачки репрезентативци и квалитетни ракометари од овие простори. Односите меѓу двата клуба се заострија по непатувањето на Металург во Словачка на стартот на сезоната и Татран сигурно ќе сака да се одмазди во Скопје.
Цената на влезницата е 50 денари, а ќе можат да се набават на касата во сала Автокоманда од понеделник по 10.00 часот. Бидете хумани, помогнете, уживајте во ракомет и навивајте за Металург.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com