Ракометарите на Металург со победа над Горење Велење 28-25 (14-15) ставија точка на мечевите на домашен терен во регионалната СЕХА лига за оваа сезона.
„Металурзите“ до петтиот триумф сезонава стигнаа со пресврт во последните десеттина минути од натпреварот.
Домаќините со серија (6-1) ја анулираа предноста на гостите (23-19) и го презедоа кормилото во мечот. До крајот на дуелот во ВИП арената, Металург не попушти и со победа се збогува од своите навивачи.
Металург со две гостувања кај Нексе и Извиѓач ќе ја заврши сезоната во СЕХА лигата. Пласманот на табелата на „металурзите“ ќе зависи од исходот на двата последни мечеви.
OhridNews