Ракометарите на Татран Прешов пред своите гледачи на своја кожа ја осетија силата „црвено црната“ машинерија. Домаќините капитулираа пред Вардар губејќи со 34-29.


Ниту сигурниот пласман во фајнл форот во СЕХА и обезбедената втора позиција на табелата не ја запре вардаровата ракометна фурија.

Домаќините имаа водство 6-0 на стартот од мечот, а по будењето на Вардар на теренот постоеше само една екипа.

Левото крило Добривоје Марковиќ постигна осум погодоци, а Сергеј Горбок и Стојанче Стоилов реализираа по шест голови.

Мх.П.