Ракометарите на Вардар обезбедија пласман во финалето од завршницата во регионалната СЕХА лига совладувајќи го Загреб со (36-28) во првото полуфинале.
„Црвено црните“ полесно од сите очекувања ги склопија коцките за победа против Загреб кој немаше одговор за разноврсниот напад на македонскиот шампион.
Во финалето избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез ќе атакуваат на третата титула во СЕХА лигата, а противник ќе им биде подобриот од вториот полуфинален натпревар меѓу Брест Мешков и Весрпрем.
OhridNews