Ракометарите на Вардар 1961 вечерва во Скопје го совладаа хрватскиот првак ППД Загреб со 24:20 (14:12) во рамки на првиот четвртфинален натпревар во регионалната СЕХА лига.
Македонскиот шампион и петкратен освојувач на СЕХА лигата беше во константно водство во првиот дел кое се движеше од еден до два голови разлика.

Тимур Дибиров и Анте Кудуз беа најефикасни во редовите на Вардар со по седум голови, а одлично издание имаше и голманот Мартин Томовски.
Реваншот во Загреб ќе се игра во вторник со почеток од 20 часот.
Завршниот фајналфор турнир ќе се одигра од 3 до 5 септември во Задар, а прв полуфиналист е унгарскиот Веспрем, кој вечерва триумфираше и во реваншот против хрватски Нексе со 30:25, откако на првиот натпревар победи со 35:33.
OhridNews
Фото: Архива











