Завршниот турнир во регионалната ракометна лига, СЕХА, оваа година ќе се одржи од 3 до 5 април во Задар. Актуелен првак во СЕХА е Вардар.

Трета пат во историјата борбата за титулата во СЕХА конкуренцијата ќе се одржи во Хрватска. Претходно хрвтаските градови Загреб и Вараждин биле домаќини на завршните турнири во 2012, односно 2016 година.

На завршниот турнир ќе учествуваат четири екипи, а нивните имиња ќе бидат познати по одигрувањето на четврт-финалните натпревари.

Двојки 1/4 финале:

Татран Прешов-Загреб

Војводина-Веспрем

Нексе-Вардар

Мешков Брест/Пекинг-Мотор Запорожје

OhridNews