В недела на Олд Трафорд се игра големото англиско дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул во Премиер лигата а на социјалните мрежи почна војната и преписката помеѓу двете навивачки страни. Ривалството помеѓу екипите е големо и не се бираат средства да се омаловажи или пак зафркне ривалот.

Сепак, најголемиот и најболниот сеир на сметка од Манчестер Јунајтед дојде од поранешниот фудбалер на Лидс и англиската репрезентација Дени Милс. Тој доби задача да формира еден тим од двата клубови а во составот ги одбра сите играчи од Ливерпул и стана вистински хит во Англија.

„Црвените ѓаволи“ се далеку од посакуваната форма и резултатски ритам, наспроти Ливерпул кој со осум победи во исто толку натпревари ја стартуваше новата сезона во Премиер лигата. На Олд Трафорд паднале многу митови, титули и шампиони а дали овој составот на Манчестер Јунајтед има сила ќе видиме в недела со почеток во 17 часот и 30 минути.

OhridNews