Оваа година се навршуваат 152 години од овој исклучително значаен историски датум, кој до неодамна минуваше речиси незабележано. Годинава настанот ќе биде одбележан со пригодна свеченост во Центарот за култура „Григор Прличев“, што ја организира Младинскиот совет од Охрид – МСО, со поддршка на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, НУ градска
библиотека „Григор Прличев“ Охрид, Завод за заштита на културно
историски споменици и музеј – Охрид, Историски архив – Охрид и Локалната самоуправа.
По тој повод точно на пладне ќе биде изведен рециталот „ЗА ПРЛИЧЕВ“, а ќе биде промовирана и книгата „Уметнички воздишки на малите срца“, во која ќе се најдат творби на членовите на литературниот клуб „ПОЕМА“, кој функционира како дел од МСО.
Плачам тътнет Галешник народным.
Кто зло вас, братие, постигло?
Иль плоды вам град побил немирный,
иль стада вам звере потребили?
Ни плоды нам град побил немирный,
ни стаса нам звере потребили,
нь сгубили люты арнауты
наша слава Кузмана Сердара,
десна ръка Джеладимбегова,
и нам тъпчят скверными ногами
гъсты горы, прежде непристъпны.
Така с рыданъем инвари вещали
и жены их драпали си лица
с писком….