Под мотото „Секој заслужува да ја почувствува празничната магија“, Младинската заедница при гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, раководена од страна на стручната служба во училиштето, месец декмври го посвети на хуманоста и солидарноста.
Преку собирната акцијата „Слатка среќа“ во периодот од 15 до 26 декември, вработените и учениците имаа можност да купат некои производи од утврдената листа и да ги остават во кутијата пред влезот на училиштето, информираат од училиштето.
Од Младинската заедница велат дека оваа акција поминала повеќе од успешно.
Успеавме да собереме доволно производи за да направиме околу 40 пакетчиња кои во средата (29/12/2021) ги доставивме во Регионалниот центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спекар во склоп на Општата болница во Охрид, додаваат.
OhridNews













