Последните денови се` повеќе загрижува состојбата со јавната чистота на одредени фреквентни и автентични локации во стариот дел од градот. Имено Канео, Антички театар , Лабино, Света Софија и Сараиште во доцните ноќни часови стануваат збиралишта за младата популација кои зад себе оставаат купишта ѓубре.

За оваа состојба голем број реакции добивме и од локалното население кое реагира на расфрланите пластични шишиња, отпадоци од храна, картонска амбалажа и др. Апелираме до надлежните институции да се превземат мерки и санкции за надминување на оваа алармантна состојба. – истакнуваат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Нашите служби секојдневно го подигнуваат расфрланиот отпад но веќе следното утро сликата се повторува, велат од „Охридски Комуналец“.

OhridNews