Така и во Охрид, на овој ден, ќе започне втората по ред акција за испитување на нивото на шеќер во крвта, се со цел, да се добие попрегледна слика за болеста, која е доста раширена меѓу граѓаните. Организатор на оваа акција е Приватната здравствена установа „Дарон“ од Охрид, во соработка со локалниот Лајонс клуб.
„Се работи за акција, која за разлика од минатата година, ќе овозможи двојно зголемување на бесплатните прегледи. Со неа, ќе бидат опфатени околу 400 граѓани.“ – изјави Д-р Константин Георгиески, специјалист интернист од ПЗУ „ДАРОН“.
Од оваа здравствена установа напоменуваат дека, со здравствените прегледи ќе се утврдува количеството на шеќер во крвта, како кај оние кои веќе имаат дијабетес, така и кај граѓаните кои сакаат да ја проверат својата здравствена состојба во поглед на оваа болест. „Ќе бидат доделени ваучери, со кои, на граѓаните ќе им се овозможи бесплатен преглед во „ДАРОН“. Дел од ваучерите ќе бидат поделени на матичните лекари, а дел и на Здружението на дијабитичари од Охрид. Ќе се испитува утринска гликемија како и анализа на тримесечната терапија со потребните медикаменти.“ – истакна Д-р Георгиески.
Инаку, како што потенцираат од ДАРОН, бесплатните прегледи кои започнуваат на 14-ти овој месец, ќе траат се додека постои интерес кај граѓаните за оваа акција.