Во текот на изминатата година, Центарот за социјална работа од Охрид го спроведе проектот „Отворени денови“, кој неколку месеци се одвиваше по руралните средини во општините Охрид и Дебрца.

Оваа година, согласно заложбите на Владата за поголема достапност на информации и отвореност кон граѓаните, а во функција на полесно остварување на одредени права и услуги, секој вторник и четврток во просториите на Центарот за социјална работа во Охрид ќе се оддржува отворени денови наменети за сите категории граѓани.

Иако правата од социјална заштита се објавуваат по медиумите, сметаме дека е потребно на луѓето да им се објасни за услугите кои ги нуди системот од областа на социјална заштита. По потреба, за лицата кои што нема да можат да дојдат во просториите, вакви средби ќе можат да се остварат во нивните домови врз основа на претходно договорена средба.“ – вели Екрем Каљоши, директор на Центарот за социјална работа од Охрид.

Новина во оваа 2014 година е воведувањето на нови права, односно правото на парична помош на самохран родител чие дете е со пречки во развојот, како и додаток на глувост кој за прв пат се реализира во Република Македонија.

Додатокот на глувост ќе се спроведува во координација со Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, а веќе сме договорени да се коориднираме околу активностите со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните кои можат да остварат вако право на надомест.“  – додава Каљоши.

Инаку, отворените средби со граѓаните ќе бидат спроведувани и во подрачните одделенија на Агенцијата за вработување. Доколку одредени лица се заинтересирани за остварување на право за вработување ќе треба да се упатат во Центарот за вработување каде ќе има список со сите активни огласи во тој период.

O.Т.