Охридската полиција им зададе голeм удар на пpepродавачите на петарди кои оваа Нова година ќе останат без планираната заработувачка. Имено, во акцијата спроведена деновиве во струшко и охридско запленети се близу 70 000 парчиња најразлични пиротехнички средства, чија вредност на нелегалниот пазар се проценува на над 20 000 евра.

Пиротехничките средства, како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, биле набавени од Скопје.

-Можете да замислите колкав е тој арсенал од 70 000 парчиња пиротехника, која доколку не беше пронајдена ќе претставуваше сериозна опасност по животот и здравјето на луѓето, истакна Димоски.

Половина од запленетите петарди и други пиротехнички средства се пронајдени кај лице од Охрид, кое и е добро познато на полицијата, бидејќи против него неколку години наназад биле поднесувани кривични пријави.

OhridNews