
Есенската сезона Охридскиот театар ја отвора вечерва со премиерна изведба пред охриѓани на претставата „Кабаре мистериозо“ во режија на Дејан Дамјановски, со која настапи на фестивалот „Охридско лето“.

-Големо задовослтво ми е да ги поканам охриѓани вечерва да дојдат во Центарот за култура во 20 часот и да го видат ова дело кое ја претставува професионалноста на оваа екипа која долго време работи за да создава квалитет, изјави актерот и режисер Горан Стојаноски.
Охридскиот театар на 26-ти септември ќе се претстави на Младинскиот отворен театар во Скопје со претставата „Метаморфози“, која ќе ќе настапи и на Фестивалот на комедија во Куманово на 4-ти октомври.
Стојаноски најави дека на репертоарот на Охридскиот театар есенва ќе се најде уште една премиера, а традиционално за новогодишните празници ќе биде подготвена и една детска претстава.












