„Приказни за добра ноќ“, „Принцези“ и „ Волшебна шума“- се само дел од насловите на современо изработените сликовници кои ги набави охридската библиотека, а кои се наменети за најмладите.

Во рамки на проектот, насловен, “Најубави детски бајки“, секоја среда на пладне, во просториите на библиотеката на децата од предучилишна возраст од страна на вработените ќе им се читаат бајки, а истовремено ќе се прожектираат и слики од приказните .

– Целта е и најмладите да се поттикнат да доаѓаат во библиотека од најмала возраст и кај нив да се развие љубов за дружба со книгата, вели директорката на библиотеката „Григор Прличев“, Александра Белеска.

Луксузните изданија на сликовници се набавени од издавачката куќа “Просветно дело“.

OhridNews