Силниот ветрови кои деновиве го разбранува Охридското Езеро, повторно го преплавија градскиот кеј и пристаништето со најразличен отпад.

Работниците на охридското јавно претпријатие „Комуналец“, во текот на вчерашниот ден подигнаа 10м3 отпад, кој воглавно се состои од пластика и хартија.

Како што информираат од ова претпријатие, службите секое утро ја затекнуваат оваа грда слика, а упатен е апел до надлежните служби да се преземат соодветни мерки, бидејќи од година на година се зголемува загадувањето со комунален отпад.

OhridNews