Jazz Inn

Од 14.07.2019 - 22:00 до 14.07.2019 - 23:59

Инспирирани од македонските традиционални песни и американскиот класичен џез, секстетот на Томе Илиев со својот швајцарски состав го создадоја нивниот прв феноменален албум “Sketches of Macedonia”.

Македонската промоција албумот кој содржи џез преработки на традиционални песни, ќе се случи утре вечер, недела, во култниот охридски клуб „Jazz Inn“, во 22 часот.

Секстетот го сочинуваат: Томе Илиев –  кларинет, Флориан Веис – тромблон, Франко Лана – пиано, Валентин Баумгартнер – гитара, Горан Гешовски – бас о Адријан Бекли – тапани.

Влезници за настанот по цена од 200 денари мо\ат да се најдат во „Jazz Inn”. Резервации на тел. 078 201 491.

OhridNews