Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “родосквернавење“ полициската станица Дебар, поднесе кривична пријава против 48 годишен жител на Дебар по што од страна на Основниот суд-Гостивар одредена му е мерка притвор до 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“-Скопје.

-Пријавениот на шести овој месец, во својот дом, насилно извршил обљуба врз неговата 14 годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден. Веднаш по добивањето на пријавата известен е Центарот за социјални работи од Дебар. Од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејствија се случиле повеќе пати и започнале пред три и пол месеци. По наредба на Јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на оштетената.- информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Пријавениот бил претходно познат сторител на казнени дела и против него во минатото биле поднесени кривични пријави за кривични дела насилство, предизвикување општа опасност, измама и фалсификување на исправи.

OhridNews