Со погодокот на Алексaндар Атанасов во финишот на мечот против Македонија ЃП, битолски Пелистер победи со 1-0 и направи голем чекор кон враќање во елитата. По само една година мината во второлигашкото друштво , “пелистерци“ се многу блиску во враќање во својата природна средина.
– Тежок натпревар, се играше во два напладне, на тешки 30 степени. Постигнавме погодок во 90 минута, како плод на нашата дисциплинирана игра. Со овој триумф големиот дел од работата е завршена, остануваат само детали , но опуштање не смее да има – рече за ohridnews Марјан Секуловски, тренерот на Пелистер.
Битолчани во послените пет рунди, три пати играат на домашен терен, против Охрид Лоте, Миравци и Дрита во последната рунда, додека гостуваат кај Еуромилк и Гостивар.
– Со победата во Скопје, вратите се широко отоворени, во фудбалот се е` можно, но но не верувам дека ќе ја прокоцкаме оваа шанса. Посакуваме мечот од последната рунда против Дрита да биде една голема “зелена“ фешта – вели Секуловски, кој од доаѓањето на клупата на Пелистер има 13 победи, 3 ремија и само еден пораз.
Нема големи тајни во успехот на битолчани, напорната работа ги дава посакуваните резултати. – Работа, работа и само работа – завршува Секуловски.
Успешен настап на охридските стрелци на меѓународниот турнир „Пирин“ 2025 кој се одржа на стрелиштето во спортската сала Скаптопара во Благоевград На Турнирот учество зедоа повеќето врвни клубови о...
Хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ во чест на неговиот прерано згаснат живот ќе се одржи во сабота, 8 ноември Маршот ќе започне во 10 часот во близина на неговиот дом...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ вчеравечер се одиграа возбудливите полуфинални натпревари од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“, кои понудија одлична игра, голема борба и вистинска спортск...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.