Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села, е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, со мандат од две години.
Села за претседател на советот беше избран на конститутивната седница на советот, во чија работа зедоа учество сите градоначалници од деветте општини што влегуваат во состав на Регионот.
Согласно Законот за рамномерен регионален развој, Советот го сочинуваат градоначалниците од општините кои влегуваат во состав на планскиот регион. Во Југозападниот плански регион ова тело има 9 членови, а тоа се градоначалниците од општините: Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Кичево, Пласница, Македонски Брод, Дебар и Центар Жупа.
Во претходниот состав Советот го сочинуваа 13 членови, но со припојувањето на општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица кон Кичево, бројот на членовите на Советот се намали на девет.












