Зијадин Села, лидерот на Движењето за реформи – ДПА и на „Алијанса за Албанците“, во своето прво појавување во јавноста рече дека тој не стои зад гаранциите на СДСМ за унитарност што ги побара претседателот Ѓорѓе Иванов.Села рече дека не потпишал гаранција затоа што за него тоа е бесмислено барање бидејќи Парламентот нема 2/3 мнозинство со кое би можел да донесе ваква одлука.

„Ние не сме потпишале никаква гаранција што ја барал некој си претседател.Никогаш нема да потпишуваме гаранции кои некој ги бара.Никој не може да ни забрани да размислуваме и да даваме предлози.Познато е дека ако некој обезбеди 2/3 мнозинство може да размислува на тој чекор, затоа не треба гаранција.Не ми е јасно зошто некој мора да бара гаранции за унитарноста кога се знае дека ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеник.Ако ВМРО-ДПМНЕ не е сигурна во своите пратеници, тоа е друга работа“, рече Села.

Села не сакаше да каже дали од неговата партија ќе има дел од колачот при распределбата на мандатите, но додаде дека и да не бидат физички дел од Владата, сепак, ќе останат доследни на барањата на своето гласачко тело.

OhridNews
Макфакс