Расправата за амандманите за законот за бранители предизвика жестоки расправии, при што беа искажани тешки збoрови.

Најдалелеку отиде пратеникот на ДПА зијадин Села, кој изрази несогласување со одлуката на Собраниската Комисија за труд и социјална политика, која денеска ги изгласа ограничувањата на времетраењето на обраќањата на дискусиите за амандаманите поднесени за Предлог-законот за бранители. На тој начин според него им се ограничува правото на збор на пратениците Албанци. Ги обвини пратениците на ДУИ дека иако се дел од Владата не прават ништо за Албанците и оти не се блокира законот со бројноста на аманданите што ги поднеле.

– Ќе ви кажам јас како се блокира овој закон. Ќе ви покажам кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе видите кога ќе ја земеме оваа говорница, овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме. Сакате вака?, рече Села.

Продолжението на седницата е закажано за понеделник во 11 часот.

OhridNews