За прв пат по случувањата на 27 април во македонскиот парламент кога беа нападнати пратеници од парламентарното мнозинство и дел од новинарите, а претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, беше претепан, Села денес ќе се обрати до јавноста на прес конференција. Според најавите прес конференцијата ќе се одржи во партиските простории во Тетово.
Во изминатиот период Села беше на лекување поради здобиените повреди. Идентификуваните насилници добија 30-дневен притвор и се обвинети за обид за убиство.
OhridNews