Според најновите информации од регионалната дирекција за управување со кризи, во општина Струга сите патни правци под надлежност на ЈП Македонија пат се проодни за сообраќај, освен патните правци од Кореа кон селото Јабланица, Мислодежда и кон селата во Малесија.

И покрај напорите, поради интензивните врнежи од снег,  приодите кон овие села во текот на вчерашниот ден не беа исчистени. Како што информираат надлежните, во текот на денешниот ден со дополнителна механизација ќе се  повторат обидите да се исчистат патните правци кон овие села, каде висината на снежната покривка изнесува над 50 сантиметри.

Непроодни се и патните правци кон селата: Вични, Горна Белица, Модрич и Локов.

OhridNews