Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 21 фудбалер за контролниот натпревар на македонската репрезентација против Норвешка кој ќе се одигра на 11 ноември во Скопје.
Ангеловски после објавувањето на списокот повикани фудбалери за натпреварот против Норвешка даде свое видување за играчкиот кадар во селекцијата и очекувањата од контролниот дуел против скандинавците. Предводникот на нашата најдобра селекција на прес-конференцијата истакна дека очекува да го продолжиме трендот на позитивни резултати.
– Нема промени во составот во однос на претходните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сметам дека тоа што функционираше одлично и што ни донесе резултат не треба да го менуваме. На 11. ноември нѐ очекува квалитетен тест натпревар против репрезентација која во минатото не сме ја победиле. Норвешка негува типичен скандинавски стил на игра, аргесивен, со многу дуели, а ги предводи Лагербег кој направи фудбалско чудо со Исланд. Се надевам дека на најдобар начин ќе се спротивставиме и ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати. – изјави селекторот.
Списокот:
Голмани: Столе Димитриевски (Настик Тарагона), Давид Митов Нилсен (Норчепинг)
Одбрана: Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Кире Ристевски (Вашаш), Кристијан Тошевски (Пелистер), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлоа), Висар Муслиу (Вардар)
Среден ред: Стефан Спировски (Ференцварош), Ферхан Хасани (Шкендија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед), Енис Барди (Леванте), Љупчо Дориев (Академија Пандев),
Никола Ѓорѓев (Твенте), Аријан Адеми (Динамо Загреб), Марјан Радески (Шкендија)
Напад: Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Палермо), Александар Трајковски (Палермо), Иван Тричковски (АЕК Ларнака).
OhridNews