Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков ги одбра кошаркарите кои ќе и се спротистават на Словачка во првата од претквалификациите за пласман во елитните квалификации за престојниот Мундијал.

Давитков од крајниот список ги изостави Адем Мекиќ и Андреј Маслинко, а поради повреда отпадна Александар Костоски. Местото организиратор на игра во Македонија од Костоски ќе го презеде Бобан Стајиќ. Од стартот на мини подготовките за престојните два натпревари поради повреди отпаднаа Бојан Трајкоски и Ѓорги Чековски, а позитивно на поканата одговори Ричард Хендрикс.

„Црвено жолтите“ дуелот со словаците ќе го одиграа во четврток со почеток во 18 часот. Три дена подоцна на домашен терен ќе ја пречекаат Швајцарија.

OhridNews