Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков го објави списокот на кошаркари за дуелот со Косово во претквалификациите за пласман на Евробаскетот.

Давитков во селекцијата го врати кошаркарот на МЗТ Скопје, Марко Симоновски, а го изостави Ричард Хендрик, кој сам побарал пауза поради семејни проблеми. Интернационалец во составе ќе биде Шејн Витингтон.

Македонската селекција мечот со Косово ќе го одигра на 2 декември во Гевгелија. После два одиграни мечеви, Македонија има исто толку победи и на добар пат се наоѓа да обезбеди пласман во главните квалификации.

Списокот: 

  1. Војдан Стојановски
  2. Дамјан Стојановски
  3. Александар Костоски
  4. Дарко Соколов
  5. Адем Мекиќ
  6. Бобан Стајиќ
  7. Андреј Магдевски
  8. Димитар Караџовски
  9. Марко Симоновски
  10. Стојан Ѓуроски
  11. Бојан Трајковски
  12. Љубомир Младеновски
  13. Бојан Крстевски
  14. Андреј Маслинко
  15. Шејн Витингтон

OhridNews