Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков ги соопшти играчите на кои ќе смета за престојниот дуел со Косово во претквалификациите за Евробаскетот 2021 година.

Ростерот на селекцијата е составен проверени кошаркари кои се натпреваруваат на македонскиот шампионат, надополнет со неколку играчи од страна. Овој пат интернационалец во составот е Шејн Витингтон, а не Ричард Хендрикс кој побара ослободување од стручниот штаб.

Македонија дуелот со Косово ќе го одигра во Гевгелија во спортската сала „26 април“. „Црвено жолтите“ имаат максимален ефект после два одиграни мечеви во фазата по групи. победувајќи го Косово во гости и Романија на домашен терен.

Список на повикани кошаркари:

  1. Војдан Стојановски
  2. Дамјан Стојановски
  3. Александар Костоски
  4. Дарко Соколов
  5. Адем Мекиќ
  6. Бобан Стајиќ
  7. Андреј Магдевски
  8. Димитар Караџовски
  9. Марко Симоновски
  10. Стојан Ѓуроски
  11. Бојан Трајковски
  12. Љубомир Младеновски
  13. Бојан Крстевски
  14. Андреј Маслинко
  15. Шејн Витингтон

OhridNews