Селекторот на машката кошаркарска селекција, Јорданчо Давитков со проверени сили ќе и се спротистави на Словачка во третата рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2021 година.
„Црвено жолтите“ имаат максимален ефект од две победи, а третиот меч во квалификацискиот циклус ќе го одиграат во Скопје на 25 февруари со почеток 20 часот и 15 минути.
Македонската кошаркарска федерација за што поголема поддршка на репрезентативците широко ќе ги отвори вратите во СРЦ „Јане Сандански“ и нема да наплаќа билети за влез.
Списокот:
Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (Куманово)
Бобан Стајиќ (Куманово)
Андреј Магдевски (Гостивар)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Димитар Караџовски (Куманово)
Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кирил Николовски (Работнички)
Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
Бојан Крстевски (Работнички)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Ричард Хендрикс (Галатасарај)
OhridNews